На 25.02.2021 во 17.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во содејство со Управата за јавни приходи, извршиле контрола во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, сопственост на Е.Џ.(32) од с.Добридол
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, врз основа на судска наредба, во текот на вчерашниот ден извршиле претрес во домот и помошни простории на битолчанецот П.Б.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека при претрес во домот на П.Б (31) од Битола била пронајдена и одземена дрога, по што лицето е лишено од слобода
Во текот на изминатото деноноќие (25/26.02.2021 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 401 прекршок
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Како што додаваат оттаму, за лицата врз база на утврдениот фалсификат ќе биде поведена понатамошна постапка.
Според соопшението на ЈО, на почетокот на 2019 година, обвинетиот Б.А., создал злосторничка организација – терористичка организација „ќелија“, со основи на идеолошка матрица на познатата терористичка организација Исламска држава.
На 24.02.2021 во 22.00 часот, додека вршеле контроли во угостителски објекти, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тале Христов“ констатирале дека интернет кафе работи и вo објектот има 10 лица
Во Полициската станица Кавадарци, М.Џ.(71) од Скопје вчера попладне пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Џ.(75), паднал од карпа кај село Кошани, на место викано „Дол“, по што починал, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски