Имено, првопријавениот Р.М., во периодот од ноември минатата година до втората половина на јануари годинава, претставувајќи се како бизнисмен од Турција, со приказни за наводно случени сообраќајни несреќи, телефонски измамил повеќе лица вработени во фирми од Бугарија, Србија, Албанија и Косово
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против маж и жена, државјани на Германија по потекло од Косово, кои се товарат за кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 1 од Кривичниот законик
Во текот на изминатото деноноќие (24/25.02.2021 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 485 прекршоци
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Основното јавно обвинителство Скопје по спроведена истражна постапка, поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик
На 24.02.2021 во 21.15 часот, по претходна пријава, полициски службеници од Полициското одделение Чегране извршиле контрола во угостителски објект во с.Чегране, сопственост на В.Ф.(37) од Чегране
На 23.02.2021 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека малолетник од с.Црн Врв, општина Студеничани, се обидел да изврши обљуба врз малолетничка, но не успеал во намерата.
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи Прилеп, денеска привеле пет лица барани со потерница.
Полициски службеници денеска околу 11.45 часот во гостиварско Чегране го лишиле од слобода Ф.А.(19) од ова село, осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.