Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и СВР Струмица го расчистија убиството на Д.М. (67) во Струмица и во врска со овој случај се приведени двајца малолетници
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
На 18.02.2021 гoд. во 13.40 часот на ул.„Никола Карев“ во Велес при легитимирање на З.П.(60), истиот го турнал полицискиот службеник и се дал во бегство, но набрзо бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
СВР Скопје – ЕВР Гази Баба поднесе кривична пријава против А.А.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“, „фалсификување исправа“ и ,,употреба на исправа со невистинита содржина“.
Нападната жена во сопствената куќа од разбојник кој и го украл лаптопот. Насилникот ја удрил жената, ја турнал и побегнал со пленот. Судија му одреди мерка притвор од 30 дена.
Двајца разбојници нападнале две жени во трафика во Велес и откако наишле на отпор избегале. Едната жена викала по нив, а другата ги замавала.
Смртта кај шеесет и седум годишната струмичанка, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на улицата „Балканска“ во центарот на Струмица е предизвикана по насилен пат, информираат за МИА од Основното јавно обвинителство.
Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор-Идризово за издржување на казната.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Лицето О.М., откако била отстранета од работното место во Фудбалската федерација на Македонија, во периодот од 13.10.2019 до 28.10.2019 година во повеќе наврати неовластено пристапувала до програмата за сметководствената евиденција на Фудбалска федерација на Македонија преку апликацијата TeamViewer