Сто и седумдесет возачи на подрачјето на СВР Куманово се казнети за брзо возење. Од сообраќај се исклучени 30 возачи, од нив 11 возеле под дејство на алкохол, а 19 возеле пред да се стекнат со право за управување на моторни возила, соопшти денеска СВР Куманово
По комплетирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“
Синоќа околу 23.15 часот во СВР Велес било пријавено дека едно лице со закана кон вработената, одзело пари од дневниот промет во обложувалница на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес
Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера биле физички нападнати од Д.Ј.(32)
Во рамки на вчерашната акциска контрола за брзо возење полиција со помош на радар на автопатот Тетово-Гостивар откри возач кој се движел со 212 километри на час. Акцијата е спроведена во периодот од 12 до 20 часот.
Во текот на вчерашниот ден, во период од 12:00 до 20:00 часот, на подрачјето на СВР Тетово полицијата спроведе акциска контрола, при што биле откриени и законски санкционирани вкупно 175 возачи, информира Министерството за внатрешни работи
На 03.01.2021, полициски службеници oд ОВР Пробиштип извршиле контрола на угостителски објекти на подрачјето на ОВР Пробиштип во поглед на почитување на работното време
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Во текот на изминатото деноноќие (03/04.01.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 439 прекршоци
Синоќа во 01:15 часот С.Ѓ.(28) од Скопје пријавил дека на 2 јануари околу 23:40 часот во парк во населбата Драчево, неговиот 17-годишен внук бил физички нападнат од две лица, од кои едното од нив употребило остар предмет, нанесувајќи му убодна рана во пределот на ногата.