Во текот на изминатото деноноќие (03/04.12.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 625 прекршоци
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен скопјанец, кај кого на 2 декември, при личен преглед полицијата пронашле 147,6 грама наркотична дрога – марихуана
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
На 02.12.2020 во 08.00 часот во СВР Скопје, од Затвор Скопје било пријавeнo дека во затворот починал осуденикот Б.М.(41) од Ресен, кој издржувал казна затвор.
На 03.12.2020 во 01.55 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека нивна екипа била физички нападната на ул.„Втора македонска бригада“.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(44) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“ и против А.З. од с.Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
На 03.12.2020 околу 00.15 часот, во гостиварско Неготино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот Е.Е. од ова село, поради сомнение за „фалсификување пари“.
Удавено лице во близина на брегот на Црна Река кај селото Шивец, Кавадарци било пронајдено денеска околу 11:30 минути.
По кусо боледување на 76- годишна возраст во Дебар попладнево почина Рамадан Телќиу, новинар во пензија.
СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.П.(56) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „давање лажен исказ“, предвидено и казниво по член 367 ст.3 од Кривичниот законик