Полицијата против лицето Џ.Б.(59) од Гостивар ќе поднесе пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Во текот на изминатото деноноќие (21/22.11.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 685 прекршоци
Работникот С.С. (27) од Тетово, вчера од водите на реката Вардар го извадил Б.М.(81) од Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош бил извршен преглед и било констатирано дека Б.М. е во добра состојба, по што бил вратен во неговиот дом
Полицијата бележи неколку физички напади на подрачјето на Скопје и низ земјава. Синоќа, во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Чаир, С.З.(21) од Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Министерството за внатрешни работи повеќе од еден месец покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Крива Паланка и Кратово
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од ОВР Кавадарци изврши увид на самото место каде вчера околу 17:00 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, соопшти Јавно обвинителство на Република Македонија
На граничниот премин „Меѓународен аеродром – Скопје“ ноќеска е лишен од слобода Б.Н. (30) од Република Србија, откако при пасошка контрола и проверка било утврдено дека го има во службената евиденција со мерка „апси“, по барање на Интерпол
На 20.11.2020 во 13.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода А.И.(32) од с.Пирок, тетовско, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик