На 04.11.2020 во 17.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода М.И.(32) од с.Добридол, гостиварско, сопственик на угостителски објект во село Добридол, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Во текот на изминатото деноноќие (04/05.11.2020) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 641 прекршок
Во текот на изминатата недела (29.10 – 04.11.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 266 возила од јавните површини
На 03.11.2020 часот во 14.30 часот во Полициската станица Центар, С.Ч.(57) од Скопје пријавила дека нејзиниот претпоставен И.Н., во 10.30 часот, поради недоразбирање на работа, вербално ја нападнал и ѝ упатил навреди и закани.
На 03.11.2020 во 20.00 часот во СВР Скопје, Ф.А.Б.(23) од Скопје пријавила дека на 02.11.2020 околу 17.30 часот во Поликлиника Чаир, каде што е вработена, била физички нападната од едно лице.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Н.Т.(18) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување заразна болест“ и ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.Ц. (20) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Сопственик на угостителки објект во гостиварското село Добри Дол, доцна полпаднево е приведен во полициска станица Гостивар. При контрола, во неговиот локал било откриено дека се организира семејна веселба.