Во СВР Штип било пријавено дека на бензинска пумпа на магистралниот пат Штип-Радовиш бил пронајден починат еден 65-годишник, соопшти МВР.
Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против З.Ј.(46) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244-а од Кривичниот законик
Четириест и шестгодишна самохрана мајка С.С. од светиниколското село Кадрифаково утрово загина кога го преминувала регионалниот пат Штип – Свети Николе, откако во близина ја оставил автобусот со кој се вратила од трета смена во штипска фабрика
Две лица се приведени во полициска станица откако биле пријавени дека физички нападнале двајца помлади гостиварци
На 08.10.2020 полициски службеници од OВР Кисела Вода го лишиле од слобода Ф.П.(27) од Скопје поради сомнение дека на подрачје на ОВР Кисела Вода извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин на 06.10.2020 и обид за „тешка кражба“ на дрзок начин на 04.12.2019
Дваесет и шест годишник од Тетово бил фатен од полицијата додека се обидувал да изврши кражба во возило, ноќеска еден час пред полноќ. Потоа при претресот кај него се најдени и три ножеви
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар синоќа, во 21 часот, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и други простори кај Б.Р. (38) од Гостивар и го привеле за издржување казна затвор од три години и шест месеци во Казнено – поправната установа Затвор Идризово
Марихуана и хашиш се наркотичните дроги кои полицијата ги пронајде кај 26-годишен дилер од Велес, за кој ОЈО Велес ќе спроведе истражна постапка за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Во текот на изминатото деноноќие (08/09.10.2020) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 608 прекршоци