Непотврдени информации посочуваат дека станува збор за 45 годишен гостиварец по кој се трагаше од ноќва по полноќ и дека неговиот идентитет го потврдиле роднини кои биле вклучени потрагата.
Безживотно тело на помлада жена утрово е најдено во близина на селото Старо Чајле по три часовната потрага. Најверојатно се работи за девојката која синоќа пред полноќ беше пријавена дека била понесена од водите на Вардар.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава се регистрирани 332 прекршоци за непочитување на мерката за неносење лична заштита на лице поради состојбата со пандемијата со КОВИД-19.
Околу 1:30 часот новинарот на МИА беше на мостот во селото Форино каде со вознемирените жители го очекуваر исходот од потрагата. Полициски службеници со батериски ламби го следеа текот на водата во случај да се појават телата, кои последен пат биле видени во близина на селото Чајле.
Во Куманово, во местото викано „Менкова Колиба“ вчера бил најден рачен ракетен фрлач. Случајот во СВР Куманово го пријавило лицето А.Е. од овој град, кој во својот опис во полицијата кажал дека експлозивната направа ја забележал во неговата викендица.
Министерството за внатрешни работи во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 412 прекршоци.
На 13.08.2020 на ул. „Стамен Манов“, во Кочани, пријавениот откако ја забележал пријавителката, застанал со неговото возило до неа и се самозадоволувал.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.М.(50) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување и „узурпација на недвижности“.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ц. (72) од Струга и правно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.