Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе обвинителен предлог против 28-годишен жител на Гостивар, кој го сторил кривичното дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка и поднесе предлог за определување на мерката притвор за 32-годишниот скопјанец, кој на 10 јули 2020 година во автокампотот Градиште во Охрид извршил грубо насилство врз три лица.
Обвинителството по два предмети констатира дека функционирањето на техничката Влада претставува политичко прашање, а спорните прашања меѓу членовите на техничката Влада претставуваат предмет на други со закон регулирани постапки, соопшти Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, на возраст од 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „противправно лишување од слобода“.
Пред околу половина час на паркингот на шопинг центарот „Гара” во близина на магистралниот пат Кичево – Осломеј се запали комбе со кое се разнесува леб.
Планинар од Скопје откако се одвоил од група вчера се изгубил на Шар Планина, па бил најден утрово околу 6 часот по потрагата што ја направиле двајца други планинари и полициски службеници
Пожар избувна вчера околу 22 часот на покривот од станбено-деловниот комплекс наречен Чешел на градскиот плоштад во Тетово, при што нема повредени лица
На лице место загинал 42 годишен маж од Кочани во тешката сообраќајна несреќа, која се случи синоќа во 21.30 часот на патот Штип-Радовиш, кај патоказот за село Љуботен
Кавадарчанец бил нападнат во казино, а во друг случај кавадарчанка била нападната од сопругот пред казино. За двата настана викендов, денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес
Во текот на изминатото деноноќие (12-13 јули) на територијата на државата се регистрирани 237 прекршоци за неносење лична заштита на лице