Полицијата приведе и поднесе кривична пријава против три лица од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле тешка кражба во маркет во населба Ѓорче Петров, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 804.700 денари.
Во текот на изминатите 24 часа полицијата регистрирала 504 прекршоци за неносење на заштитна маска.
Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Триесет и седумгодишен кавадарчанец попладнево се здобил со тешки повреди откако паднал од стар кров на производствена хала која била во фаза на реновирање.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Четириесет и две годишна жена од Скопје која времено престојувала во Тетово ги пријавила синот и сопругот за повеќекратно вознемирување. Тие дошле до домот на жената во Тетово и се заканувале, а потоа двајцата се приведени.
Шеесетгодишната гостиварка Џ.И. утрово е најдена мртва во семејниот дом со повеќе рани од остар предмет. Осомничен е сопругот, 67-годишниот Б.И. по кој полицијата трага.
Познат е идентитетот на убиената гостиварчанка. Станува збор за Џ.И. од населбата Бањешница, а осомничен е нејзиниот 67-годишен сопруг Џ.И, кој е во бегство.
Во Гостивар е убиена 60-годишна жена, а осомничен е нејзиниот сопруг, 67-годишен жител на Гостивар, со кого подолго време имала нарушени односи.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 391 прекршок.