Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 20 и 22 години кои се осомничени дека во соизвршителство сториле две кривични дела, „разбојничка кражба“ и „разбојништво“
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против В.К.(47) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Црногорската полиција соопшти дека во Херцег Нови уапсила Македонец И.А. (45) поради затајување данок и придонеси во износ од околу 100.000 евра
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 27.06.2019 во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје
Повозрасен маж од Тетово денеска е пронајден мртов на Самоиловата тврдина во Охрид.
МВР соопшти дека изутрината во 8:30 часот детето починало. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Еден малолетник е повреден кога 76-годишно лице пукало со воздушна пушка од својот балкон, бидејќи му сметала вревата која децата во средата навечер ја правеле играјќи пред зградата. Возрасниот тетовец подоцна е приведен во полициска станица.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А.(35) од Охрид и Б.Б.(79) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Двајца возачи од Виница и од Штип се тешко повредени во сообраќајната несреќа која што се случи на патот Штип – Радовиш, кај м.в. Шести километар, или кај винарската визба ИМАКО.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 06.00 часот на 26.06.2019 до 06.00 часот на 27.06.2019 година при зајакната акциска контрола на подрачјето на Скопје откри 106 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина за што се соодветно санкционирани.