На 01.09.2020 во 22.30 часот во с.Панчарево, полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор Делчево, поради постоење основи на сомнение дека вршеле незаконит лов, од слобода ги лишиле М.Д.(26) и Т.И.(38), двајцата од с.Панчарево, делчевско.
На 01.09.2020 во 21.00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(69) од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2800 евра.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган
Обвинителството во Охрид достави до охридскиот суд обвинителен предлог против браќата Усеини за напад врз едно лице пред хотелот Јуник во Охрид
Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера (01.09.2020) при претреси во Арачиново пронајде и одзеде марихуана
Во текот на август полицајците при полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово на тетовското подрачје откриле и законски санкционирале вкупно 960 различни видови сообраќајни прекршоци. Просечно станува збор за над 30 прекршоци дневно
Тетовската полиција информира дека во два одвоени случаја во текот на вчерашниот ден полициски службеници нашле дрога, поради што приведени се вкупно пет лица
За неносење лична заштита на лице регистрирани се 399 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија
-Железничката мрежа и целокупната инфраструктура во Репубика Македонија не е во добра состојба и се запоставува долги години. Од таа причина се појавуваат одрони, свлечишта и други аномалии, изјави денеска Трајковски.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.А.(32) и Б.А.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.