Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Х.К.(35) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 30.03.2020 во 17.31 часот во СВР Скопје, Б.Л.(27) од Скопје пријавил дека околу 17.15 часот, додека бил заедно со Т.К.(18) од Скопје и управувал мотор на ул.„Востаничка“, поради недоразбирање во сообраќајот, со употреба на секира бил физички нападнат од непознато лице
На 30.03.2020 во 09.49 часот во СВР Скопје, Л.К.(69) од Скопје пријавил дека околу 09.45 часот во простории од зграда на бул.„Видео Смилевски Бато“, поради меѓусебно недоразбирање и претходна расправија, тој и неговата сопруга Д.К. биле физички нападнати од нивниот сосед Д.Н.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство.
Основното јавно обвинителство Битола во текот на денешниот ден до Основниот суд Битола достави предлози за издавање казнени налози против четири лица кои биле затекнати при непочитување на забраната за движење во текот на полицискиот час, информираат од Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против две лица, државјани на Република Албанија, заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство Штип до Основниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлог за издавање казнен налог против 27-годишен жител на Дебар за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик
Во Прилеп се зголеми бројот на граѓани во изолација што во моментов не се прекршува, но ги има оние кои не го почитувале полицискиот час. Според најновите информации во Прилеп, во изолација се 251 лице кои ја почитуваат мерката и се 13 повеќе од последните два дена
Двајца кумановци се предложени од Основното јавно обвинителство Куманово за казна од по 1.000 евра за движење низ градот за време на полициски час, со што сториле кривично дело, односно не постапувале според здравствените прописи за време на епидемија