Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 29 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик
Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Струга
За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, Основното јавно обвинителство Тетово денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, информираат од ОЈО Тетово
Во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 20 лица, а за останатите се земени податоци по што ќе следуваат соодветни мерки
Против 19 лица кои не го почитувале полицискиот час Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози заради извршено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик
По сеопфатна истражна постапка против четири лица од Ресен осомничени дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело „измама“, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола достави предлог спогодби за тројца обвинети
На 10.05.2020 околу 09:40 часот во СВР Битола било пријавено дека на паркинг простор пред угостителски објект на ул.„Македонска фаланга“ во Битола, еден полициски службеник од невнимание испукал еден куршум од службениот пиштол, при што се самоповредил.
Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица кои непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Штип
Жители на кочанското село Мородвис претпладнево забележале група мигранти кои се движеле во близина на населбата и барале продажен објект за да набават прехранбени продукти
Основното јавно обвинителство Тетово против пет лица поднесе предлози за определување казнени налози до Основниот суд Тетово