Товарно моторно возило „форд ренџер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(25) од Тетово вчера околу 7:20 часот излетало од автопатот Тетово-Скопје во близина на мост на реката Вардар и удрило во метална ограда
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во скопските села Глумово и Рашче ги лишиле од слобода С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од Глумово и К.В.(24) од Рашче поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“
На 08.05.2020 околу 12.45 часот на регионален пат Кичево – Демир Хисар се случила собраќајна незгода помеѓу велосипедист В.П.(54) од Кичево и велосипедист О.Н.(55) од Кичево.
На 08.05.2020 во 13.30 час во СВР Велес, С.А.(44) од Кавадарци, вработен во ЈП Комуналец -Кавадарци пријавил дека на депонија – Мелци во Кавадарци била пронајдена неексплодирана бомба.
По насоки на јавниот обвинител пријавениот е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Битола.
Брзата реакција на Територијалната противпожарна единица од Делчево спречи пожар од поголеми размери во Делчево откако од експлозија на плинска боца изгоре една соба од станбено живеалиште на улица ,,Првомајска”.
На регионалниот пат Кичево – Демир Хисар во близина на селото Пополжани, вчера во 12:45 часот се случила собраќајна незгода во која О.Н. (55) од Кичево се здобил со тешки телесни повреди и со медицинско возило е префрлен во Општата болница во Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски
Во текот на изминатото деноноќие двајца дебрани го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз свој сограѓанин
Дваесет и седум лица во изминатото деноноќие не ја почитувале мерката за забрана за движење, осумнаесет се приведени, а две лица не ја почитувале мерката за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи
Основното јавно обвинителство во Берово до Основниот суд Делчево поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице, пензионер на возраст над 67 години, затоа што на 24 април ја прекршил забраната за движење