Обвинетите во одделни случаи, се движеле пеш или со возила по градот, за време додека во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Македонија, соопштија од ОЈО.
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинителството во Ресен поднесе предлог за издавање казнен налог против три лица од Ресен за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Кочани поднесе предлози за казнени налози против 23 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање парични казнени против седум лица за прекршување на полицискиот час.
Пет лица во Тетово во одделни настани не го почитувале полицискиот час и без дозвола се движеле пеш или со возила низ Тетово и околината.
Од МВР денеска информираа дека утрово во 03.30 часот во СВР Скопје, Г.Т.(20) од Скопје пријавила дека нејзината мајка Л.Т.(45) од Скопје, од 17.04.2020 не ѝ се јавувала на телефон и се сомневала дека е почината.
Приведениот е задржан во полициската станица во Тетово, по што ќе биде предаден за издржување на казната во скопскиот затвор.
Велешанката А.С (29) која од вчера попладне се оддалечила од нејзиниот дом и по која трагаше нејзиното семејство утрово околу 9,30 беше пронајдена од полицијата по непознат телефонски повик од жена, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Седум од нив не ја почитувале забраната за движење во полициски час и за нив се предлага парична казна од 100 дневни глоби, а секоја глоба да биде во висина од по 20 евра.