Во текот на изминатото деноноќие (04/05.04.2020) на територијата на Република Македонија на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација
Во периодот од 21 часот на 03.04,2020 (петок) до 07 часот на 05.04.2020 (недела) на подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење
Основното јавно обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик
Едно лице од Скопје го прекршило полицискиот час на тетовскиот регион во периодот од 21:00 часот вчера до 5:00 утринава, информира денеска Секторот за внатрешни работи Тетово.
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, жител на гостиварско село, на возраст од 67 години за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.
Судија во претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 денови, а полицијата поднесе три кривични пријави за 33-годишниот М.А од Пирок кој ноќеска беше приведен поради повредување полицаец, оштетување полициски возила и наплатна рампа на патарина.
Обвинетиот на 29 март, не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење на населението, па за време на полицискиот час се движел во околината на градот, соопштија од ОЈО.
Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево достави предлози за издавање казнени налози со кои опфати вкупно 11 лица.
Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кои на судот му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.
Основното јавно обвинителство Кочани поднесе предлози за изрекување казнени од по 2 000 евра за 13 лица од Кочани за нарушување на полицискиот час.