Покривната конструкција на куќа во тетовска Мала Речица изгоре, откако синоќа избувнал пожар во оџакот од објектот
Полицијата приведе 34-годишна скопјанка, со живеалиште во Битола, поради уцена на 44-годишен битолчанец.
Десетгодишното дете кое беше повредено во експлозијата на плинска боца во Романовце, почина денеска во Градската болница „Св.Наум Охридски“ каде што беше хоспитализирано, потврди директорот на болницата Љубен Арсенков.
Полициски службеници од ОВР Кичево, вчера попладне во 18:30 часот, на пат во близина на кичевското село Другово, сопреле патнички автомобил со скопски регистарски ознаки управуван од Е.А.(31) од Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвиненија за три лица за сторено кривично дело – кражба
Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе Обвинителен акт против жител на Скопје на возраст од 28 години, со кој го товари дека сторил кривично дело „убиство“, информираат од скопското Обвинителство
Тетовските пожарникари попладнево интервенираа на голем пожар во авто- отпад во Непроштено. Пожарот го гаснеле шестмина пожарникари, а била искористена водата од четири камиони.
Преку Меѓународниот аеродром Скопје вчера е извршена депортација на три лица од женски пол, од кои две со регулиран статус на државјанки на Република Македонија и едно малолетно лице од две години, за кое треба да се спроведе постапка за стекнување државјанство
Во Полициската станица Берово, вчера било пријавено дека во периодот од 10 часот на 8 март до 11 часот на 10 март, непознат сторител со употреба на физичка сила и подесен предмет насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Пророк Илија“ во беровското село Митрашинци и одзел пари
Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.Т.(47) и З.Д.(46), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 355.000 денари