Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе Обвинителен акт против жител на Скопје на возраст од 28 години, со кој го товари дека сторил кривично дело „убиство“, информираат од скопското Обвинителство
Тетовските пожарникари попладнево интервенираа на голем пожар во авто- отпад во Непроштено. Пожарот го гаснеле шестмина пожарникари, а била искористена водата од четири камиони.
Преку Меѓународниот аеродром Скопје вчера е извршена депортација на три лица од женски пол, од кои две со регулиран статус на државјанки на Република Македонија и едно малолетно лице од две години, за кое треба да се спроведе постапка за стекнување државјанство
Во Полициската станица Берово, вчера било пријавено дека во периодот од 10 часот на 8 март до 11 часот на 10 март, непознат сторител со употреба на физичка сила и подесен предмет насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Пророк Илија“ во беровското село Митрашинци и одзел пари
Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.Т.(47) и З.Д.(46), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 355.000 денари
Без повредени, а шест оштетени автомобили се последиците од сообраќајна несреќа утрово во Тетово кога камион на комуналното претријатие удрило во паркираните возила
Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, поради основано сомнение дека го извршил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик
Рударот е со полесни повреди и е испратен на домашно лекување
Еден државјанин на Македонија и еден на Германија кои биле дел од терористичка група се депортирани од Турција во нивните земји, соопшти турското Министерство за внатрешни работи
Триесет и осумгодишник од Тетово доби притвор од 30 дена за грабнување на 26 годишник од градот за кое тетовската полиција извести дека е пријавено на 3 март.