Осумнаесетгодишник од Кавадарци се здобил со убодна рана, за време на новогодишните празници, за МИА потврдуваат од МВР.
Дваесет и шест годишен жител на тетовско Порој рано утринава во СВР Тетово пријавил оштетување на негови две возила за што посочил жител од истото село
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против жител на Виница, за сторено продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид за убиство во семејниот дом во село Чајлане, Сарај
етириесет и осумгодишна скопјанка починала вчера на паркингот меѓу поликлиниката „Јане Сандански“ и црквата „Св. Илија“ во Скопје.
Полициски службеници вчера во Виница го лишиле од слобода 66-годишниот виничанец Л.И. поради постоење основи на сомнение дека сторил полов напад врз малолетно лице.
Околу два часот по полноќ избувнал пожар во стан на вториот кат од зградата број 25 на улицата „Јанко Цветинов“ во Струмица. Повредени нема, но целосно е уништена една од собите на станот.
Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во текот на новогодишната ноќ имала осум интервенции, кои успешно се завршени.
Од Градската општа болница „8 Септември“ информираат дека во просторијата во која избувнал пожарот не е уништен ниту еден важечки документ кој согласно прописите мора да биде архивиран и да се чува.
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против струмичаните Л.К (34) и Д.Р (20) поради постоење сомнение дека сториле кривично дело – насилство.