Со Предлог за издавање казнен налог поднесен до Основниот суд Штип, Основното јавно обвинителство во Штип побара изрекување парична казна за едно лице поради сторено кривичното дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози за 20 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
– Во овој период вкупниот број на лица, спроведени во државен карантин на тетовско подрачје е 210. Бројот на лица со потпишани изјави за самоизолација изнесува 55, истакна Марјан Јосифоски, портапрол на СВР Тетово.
Четири лица се повредени вчера на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на натпатникот за тетовско Горно Седларце, кога патничко моторно возило „фолксваген поло“ управувано од 19-годишната А.Р. од тетовски Пирок, загубило контрола и излетало од коловоз
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против В.Ј. (21) и Г.Р. (18) и двајцата од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“
Во текот на изминатото деноноќие на ниво на цела држава 72 лица не ја почитувале забраната за движење, од кои приведени се 41 лице, додека само во еден случај полициските службеници констатирале прекршување на самоизолацијата
Тој, на 13 март годинава, кога од Австрија пристигнал во Република Македонија, потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20 март, кога во Скопје се упатил во болничка установа со цел да изврши тест за коронавирус.
Товарен воз што сообраќал на релација Гевгелија-Трубарево, меѓу станиците Миравци и Клисура, утрово околу 6 часот и 40 минути се излигал од шините откако претходно удрил во одрон од камења
Во Лозана, Швајцарија денеска ќе бидат погребани таткото Наум Колев (47) и синот Андон (23) од селото Мокриево, струмичко, кои беа убиени на 26 минатиот месец во местото Соренс, во кантонот Фрибург, а нивните тела беа пронајдени наредниот ден на фарма за коњи покриени со арско ѓубре, соопштија од Македонската православна црковна општина „Собор на сите македонски светители“
Основниот суд во Струмица изрече казни од по три илјади евра во денарска противвредност на десетмина граѓани кои не ја почитувале забраната за движење, информираше Мариета Дукиќ, портпарол на струмичкиот суд.