Седумнаесет возачи кои возеле побрзо од дозволеното и 10 возачи кои биле под дејство на алкохол се откриени и санкционирани во акциски контроли што Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР ги спроведе изминатата ноќ.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против две лица од Куманово и против здужението на граѓани „Фудбалски клуб Куманово 1903“ поради основано сомнение за сторени повеќе кривично дела меѓу кои „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.
Непознат сторител извршил оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што биле оштетени 10 потпорни носечки столбови
По спроведување на истражната постапка, надлежен јавен обвинител до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 29-годишен скопјанец, кој се товари дека сторило кривични дела – тешка кражба и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – разбојништво на 9 октомври во спортска обложувалница во Скопје
Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода Б.З. (32) од тетовското село Копанце, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една автоматска пушка, една рамка со 19 куршуми калибар 7,62 милиметри, еден пиштол „Берета“ со една рамка, 162 куршуми калибар 7,62 милиметри и еден куршум калибар 7,65 милиметри
Десет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје
Непознат сторител извршил кражба во црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, при што одзел пари
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против 38-годишен скопјанец за сторено кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи
Триесетгодишниот Д.С. од Кочани го извршил убиството врз неговиот 55-годишен татко В.С. во семејната куќа во кочанската населба Усова чешма