Дваесет и осумгодишник од тетовското село Џепчиште во СВР Тетово пријавил дека под закана со оружје насилно бил внесен во возило, а за неколку минути подоцна бил пуштен
Десет поранешни пациенти, кои биле хоспитализирани на Ортопедското одделение на Клиничката болница – Штип, се заразиле со вирусот хепатитис Ц.
Шеесет и едногодишниот Зоран Велјановски од Тетово починал во Малта каде бил на привремена работа. Тој починал од срцев удар, а сега семејството се соочува со потреба од помош Зоран да биде донесен во Тетово и погребан.
Надлежен судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во времетраење од 8 дена за приведениот А.Б.(50), полициски службеник вработен во Регионалниот центар за гранични работи Запад, кој го признал делото по добиената кривична пријава поради сомнение за злоупотреба на службената должност.
Девет лица се здобиле со полесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки била причинета материјална штета
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Б.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
Притвор и отворање постапка за кривично дело, заработи лице кај кое е пронајдена марихуана
Полицаец вработен во Полициската станица за граничен премин и гранична надзор Стрезимир вчера бил лишен од слобода поради сомнение дека ја злоупотребил службената должност
Кумановската полиција за време на викендот исклучила од сообраќај 64 возачи, од нив 29 возеле под дејство на алкохол, а 35 управувале возила пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, соопшти денеска СВР Куманово
Во текот на изминатата недела (16.09 - 22.09.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 357 возила од јавните површини