Основното јавно обвинителство Битола поднело обвинителен предлог против три лица за незаконско вработување во Демир Хисар, од кои две се товарат за сторено кривично дело – злоупотреба на службена положба, а едно лице за кривично дело несовесно работење во службата
Притоа, биле откриени девет прекршоци од кои три во Велес, четири во Кавадарци и два во Неготино. За сторените прекршоци ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Антички предмети стари околу 2500 години се откриени на граничниот премин Прешево-Табаовце во автомобил управуван од Македонец, соопшти денеска српската Царинска управа.
Тринаесетгодишно девојче синоќа паднало од балкон на вториот кат од куќа во гостиварска Долна Бањица, информираат од СВР Тетово
Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а седум лица со лесни телесни повреди во седум сообраќајни незгоди од вкупно 10 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А.(24) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за обид да изврши обљуба врз малолетна девојка на 23.08.2019 во неговиот дом.
На 17.09.2019 околу 18.30 часoт на регионалниот пат Берово – Струмица, во близина на место викано Палазлија, при контрола на четири товарни возила било констатирано дека превезуваат огревни дрва без потребни документи.
СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против С.З.(51) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Вчера во 20:30 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Близнаци“, М.М.(28) од Скопје, управувајќи мотоцикл „БМВ“, изгубил контрола и паднал во реката.
Веднаш се повикани брза помош и полиција, која работи на расветлување на случајот. На терен излегла Комисија за расчистување и иследување на вонреден настан од Транспорт и Инфаструктура.