Шумски пожар избувна денеска околу 13 часот во близина на селото Ораовец, во Општина Чашка. Како што изјави за МИА командирот на Територијалната противпожарна единица од Велес Љупчо Лепидовски, од огнената стихија зафатена е површина од над 60 хектари. Гори багремова шума, нискостеблести растенија и трева.
Основното јавно обвинителство Велес донело Наредба за спроведување истражна постапка против одговорно лице во едно правно лице и против четворица работници ангажирани за извршување работи за потребите на правното лице.
Едно лице го загуби животот од повредите задобиени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови во близина на Скудрински мост. Сообраќајот беше во прекин во двата правци од 17 часот.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност на МВР во изминатиот период евидентираше зголемен број на лажни наградни игри на интернет, каде со користење на социјалните мрежи, особено Facebook, се отвараат лажни профили на правни лица (компании) од нашата земја, а со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните
Во врска со пожарот кој избувна завчера на територијата на општина Велес, Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против одговорно лице во едно правно лице и против четворица работници ангажирани за извршување работи за потребите на правното лице
Албанец од Македонија во понеделникот со нож ја усмртил неговата сопруга, исто така македонска државјанка
На 26 август годинава, во домот во кој живееле заедно, кај првиот осомничен на возраст од 42 години, биле пронајдени 62 полиетиленски пакувања наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 89,02 грама.
Триесет и седумгодишниот Б.З. синоќа бил физички нападнат од повеќе соседи на улицата „Банатска“ во Скопје.
Педесет и три годишниот И.Б. од село Врбјани вчера се повредил при пад од скеле.
Хероин во 60 мали пакувања, марихуана и пиштол марка „Екол Фират Магнум ЕФ810399 Волтран“ се запленети во домовите на браќата Ф.П.(43) и Ф.П.(51) од Чаир