Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 40-годишен скопјанец за сторено кривично дело тешка кражба.
НК КР Делчево поднесе кривична пријава против Т.М.(54), Т.И.(51), П.Н.(39) и О.А.(37), сите од Скопје, сите вработени во Министерството за економија- Биро за метрологија, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ донесе Основното јавно обвинителство Скопје.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото во Карпош, каде пред зграда беше пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж.
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против М.Д.(39) и И.К.(35), двајцата од Скопје, осомничени дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди, во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а седум лица со телесни повреди.
Обвинение против пет лица за сторено кривично дело „трговија со дете“ поднесе надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
М.Л. обвинета за сообраќајната несреќа на „Илинденска“ во 2015 година во која загина 13-годишен велосипедист е осудена на казна затвор од три години.
Полицијата во Скопје санкционира 58 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина и изрекоа исто толку мандатни платни налози, соопшти МВР.
Сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово целосно е нормализиран од 16:00 часот, откако претходно околу 13:00 часот камион се преврте на коловозната лента и го блокираше движењето на останатите возила во близина на клучката Желино