Две 10-годишни деца се повредени откако вчера околу 13.00 часот биле удрени од патничко возило„Киа“ со тетовски регистарски таблици што го управувал Ј. С.(52) од тетовска Голема Речица, по што тој веднаш го напуштил местото на несреќата, информираа од СВР Тетово.
Основното јавно обвинителство во Скопје побара притвор за 48-годишно лице во чиј дом пронајдени се наркотички дроги. Притворот е побаран поради постоење на опасност од бегство.
Три лица се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно седум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во две сообраќајки со полесни повреди се здобиле две лица, а во три била причинета материјална штета.
Притвор од осум дена за сторени две кривични дела заработи едно лице кое вчера, еден час пред полноќ, играјќи столен фудбал го извадил пиштолот од појас за да не му падне и во истиот момент бил испукан куршум, при што ранил двајца гости во флиперница во село Вејце во Тетово.
Во близина на регионалниот пат Охрид– Свети Наум, кај место викано „Колиби 2“, вчера во 11.30 часот полициски службеници пронашле четири торби во кои имало 49 килограми марихуана, а во нивна близина бил затекнат A.Џ.(21) од Поградец, Република Албанија.
На автопатот Гевгелија –Скопје, кај клучката „Прдејци“, вчера во 14.00 часот полициски службеници запреле товарно возило „ивеко деили“ и при преглед пронашле 43 мигранти.
Надлежен јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице – косовски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – криумчарење мигранти.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице од скопско Арачиново, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога кокаин.
Поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации А.Н. доби кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување. Тој со активности спротивни на законот го оштетил Буџетот за 1.701.210 денари.
Две лица се потешко повредени, а едно полесно, откако патничко возило синоќа во 1:25 часот излетало од коловозот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје и удрило во дрво, а потоа во две паркирани возила.