Основното јавно обвинителство во поведе две одвоени кривични постапки за две малолетни и пет полнолетни лица вклучени во насилство што се случи завчера во скопската населба Драчево. Едно од децата, заедно со петтемина полнолетни осомничени извршиле грубо насилство врз другото дете, удирајќи го најпрвин во пределот на главата.
Деветгодишно девојче од село Крушопек, скопско, било удрено од автомобил вчера попладне на патот село Лека – село Крушопек, по што со друго возило е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Во вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле вчера на подрачјето на Град Скопје, четири лица се здобиле со лесни, а три со тешки телесни повреди.
А. А.(45) од Прилеп, кој моментално живее во Кичево, вчера во девет часот во полициската станица во Кичево, пријавил дека од домот се одалечила неговата ќерка, родена 2001 година.
Двајца малолетници привела тетовската полиција како осомничени дека се сторители на две кражби извршени на први и трети февруари.
Сообраќајот на патот Охрид-Ресен кај Буково е во прекин од 07:05 часот изутрина.
На подрачјето на Град Скопје изминатите 24 часа се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои во три полесно се повредени четири лица. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета.
Две лица од кичевското село Зајас, Ш.Ј. (58) и неговиот син Ш.Ј (25), денеска, околу 11 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, започнале вербална расправија, а потоа со метални предмети физички ги нападнале Ф.А. (33) и Н.Б. (42) од Кичево.
-Ги исплашија жените, ги влечеа за коса. Внатре е се искршено, лом направиле – раскажува анонимен очевидец пред камерата на Алфа.
Гостиварската полиција, вчера лишила од слобода четири лица за поседување наркотици. При претресите во две акции кај нив е откриена марихуана.