На 30.01.2019 година во 13:40 часот во СВР Скопје, Б.Б. пријавил дека во када во куќата на улица „Раде Јовчевски Корчагин“ ги пронашол починати неговите баба и дедо Ј.В.(74) и Г.В.(76).
Во штипско Ново Село се урна уште една стара куќа, целиот градежен материјал паднал врз улицата. Уривањето се случило вчера и голема среќа е што нема повредени жители или случајни минувачи по оваа улица.
Инцидент со пукотница од огнено оружје попладнево се случил во Средношколксиот машинско-училишен центар „Свети Наум Охридски“ во Охрид.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривична пријава од Министерството за внатрешни работи во врска со настанот во Шуто Оризари од 28.01.2019 година, донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица.
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против З.К.(46) и неговата сопруга В.К.(44) од Штип, организатори на криминална група, која вршела продажба на хероин на подрачјето на Штип и Радовиш.
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека надлежен јавен обвинител донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.
Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против седум лица инволвирани во случајот во Шуто Оризари каде беа нападнати три лица од кои двајца полицајци.
Триесет и двегодишен возач синоќа со товарно возило “ман” удрил во транспортната лента за руда на “Фени”, па со телесни повреди завршил во кавадаречката болница.
Шеесет и шестгодишен кавадарчанец се здобил со тешки повреди вчера по удар од патничко возило „лада” на пазарот во Кавадарци.
На булеварот „12 Македонска бригада“, пред полициската станица во скопската населба Лисиче, утрово во сообраќајна несреќа тешко е повредена жена која итно со амбулатно возило е пренесена во Ургентниот центар.