Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред неколку дена беше пронајдена при ископ на градежни работи во центарот на Скопје кај старата железничка станица.
Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ извршувајќи ги своите работни активности денеска во Општина Ѓорче Петров пронашле шок-бомба во вреќа со отпад.
Три лица од Скопје добија кривични пријави, едното осомничено за „фалсификување исправа“, а другите две за „несовесно работење во службата“.
Во СВР Велес вчера било пријавено дека во Медицинскиот центар Велес починал М.К.(57) од Крагуевац.
Во Струшкото село Јабланица вчера нарушен е јавниот ред и мир со физички напад меѓу две лица. СВР Охрид денеска соопшти дека околу 14 часот С.Ш. од селото Јабланица, физички го нападнал својот соселанец Б.К.
Неготинец, вчера со „ауди 3“ влетал во излогот од неготинска парфимерија. Повредени нема, причинета е само материјална штета. Оваа информација, денеска ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Основното јавно обвинителство Велес поднело обвинение против 27-годишно лице од село Селемли, Општина Богданци за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Триесет и четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во 16 од вкупно 34 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 18 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Нема жртви ниту, повредени во сообраќајната незгода која се случи на магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка. Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Куманово, Живкицa Чавдаревиќ, во незгодата е причинета само материјална штета.
Педесет и шестгодишниот штипјанец В.Д. е тешко повреден откако вчера попладне управувајќи „форд фокус“ излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак. Со тешки телесни повреди бил пренесен во Клиничката болнца Штип.