По дојава од страна на МВР вчера во 08:45 часот е пронајдено неексплодирано убојно средство, што е извадено при ископ на земја зад старата Железничка станица од страна на градежна фирма.
Две лица вчера извршиле разбојништво во аптека на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје и при тоа одзеле околу 4.200 денари.
Јавното обвинителство ќе спроведе истрага против пет лица – двајца македонски и тројца албански државјани за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. По предлог на Обвинителството, Судот на петтемината осомничени им определи 30-дневен притвор.
Едно лице се здобило со лесни телесни повреди во една од вкупно четири сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во три била причинета материјална штета.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 35-годишна прилепчанка, поради производство и продажба на штетни лекови.
Педесет и тригодишен Македонец почина на паркинг на ски-центарот Кулино кај Разлог кога ненадејно му се слошило. Според информациите од бугарските медиуми, човекот починал веднаш на самото место, а кога пристигнале медицински екипи, била констатирана смрт.
Две лица од Скопје подведувале 17-годишна малолетничка на сексуални услуги. Осомничените ја присилувале и на давање сексуални услуги на други лица за што се стекнале со одреден паричен дадомест.
На Никола Војминовски, осуден на 13 ипол години затвор за нападот на пратеникот Зијадин Села, судот денеска му одреди мерка „притвор“ откако не беше пронајден дома при извршениот надзор од полицијата. Издадена е и наредба за распишување на интерна и меѓународна потерница.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 и кривично дело – Злосторничко здружување од член 394 од Кривичниот законик.
По наредба на Основното јавно обвинителство- Куманово А.Б. на 15 јануари 2019 година е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.