Предупредувачки курушуми во воздух и четири приведени лица, меѓу кои и двајца 17- годишни малолетници, се последиците по физичката пресметка на повеќе лица што ноќеска по полноќ се случила во таканареченото Ромско маало на улицата „29 Ноември“ во Тетово, информираа од СВР Тетово.
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 со лесни телесни повреди во 13 од вкупно 23 сообраќајни незгоди што се случиле во изминатите четири денови на подрачјето на Скопје. Во 10 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Во село Трубарево, Скопско синоќа во нејзиниот дом била пронајдена почината В.Н. (60).
-Пред да му ги даде парите С.К., според пријавителот, го повикал и Б.П. од Росоман, кој откако дошол веднаш почнал да се расправа со пријавителот и физички го нападнал. Во моментот кога пријавителот го напуштил објектот, според него, С.К. испукал два пати со пиштол, но никој не бил погоден, наведуваат од МВР.
Автомобил марка „голф“ вчера излетал од коловосот во атарот на село Варвара при што со тешки телесни повреди се здобил возачот на автобомилот.
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Битола – Ресен, кај место викано „Чешми“.
Педесет и четиригодшниот М.Р. од демирхисарското село Обедник со повреда на лева надколеница предизвикана за време на лов вчера од страна на лекар во Итна медицинска помош бил донесен во Здравствениот дом во Демир Хисар, информира МВР.
Сообраќајна несреќа меѓу две патнички возила марка „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки и „фолксваген“ со косовски ознаки, се случи околу 13 часот на автопатот Гостивар-Тетово во близина на клучката на селото Тумчевиште.
Двајца охриѓани вчера биле нападнати од куче на улицата „7 Ноември“ во Охрид.
Пожар избувнал околу полноќ на првиот кат од куќата на С.С. (72) на ул.„Ѓорги Поп Христов“ во Скопје, која била извадена надвор од страна на нејзините соседи од вториот кат Ф.M (20) и М.M. (28).