Во гостиварската полициска станица, утрово приведени се единаесет лица кои работеле како танчарки и пеачки во кафеана во гостиварското село Чегране.
Околу 8:30 часот изутрината во центарот на Прилеп се случил вооружен грабеж, кога тројца вооружени напаѓачи насилно влегле во златарницата која е во старата прилепска чаршија, и се заканиле на продавачката и потоа заминале пленот.
Пет лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет сообраќајни несреќи од вкупно 12 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.
Царинските службеници во текот на минатите две недели откри и заплени обид за криумчарење кокаин и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани делови за товарни возила, моторно масло, регистарски таблички, ремени за товар, алкохолни пијалоци, златен накит, технички производи, дребонг, облека и фалсификати.
Еден возач на мопед се здобил со тешки телесни повреди, a 22 со лесни телесни повреди во 15 од вкупно 35 сообраќајни несреќи што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 20 сообраќајни незгоди е причинета само материјална штета.
Осумдесет и двегодишна старица од Прилеп починала откако во нејзиниот дом синоќа околу 20 часот избувнал пожар.
Полицијата од Скопје и Битола заплени 55 илјади парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот против двете лица кај кои се пронајдени пиротехничките средства ќе бидат поднесени кривични пријави за „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Случајот во полицијата го пријавил И.Б. (36) од с.Јурумлери-Скопје кој рекол дека додека извршувал земјоделски работи во неговата нива, забележал тело на маж.
Министерството за внатрешни работи изминатата ноќ регистрираше три случаи на нарушување на јавниот ред и мир во три угостителски објекти во Скопје.
Едно лице го загуби животот, а две се повредени откако автомобил излетал од коловозот на локален пат во близина на селото Падалишта, гостиварско.