Ловџија се здобил со прострелна рана при лов во Кавадаречко, информацијата за МИА ја потврдија од МВР.
Корисниците на социјалните мрежи сведочат дека на местото на несреќата не работела сообраќајната сигнализација што и било една од причините за сообраќајката.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 против едно лице за криумчарење мигранти и обвинителен предлог за едно лице за помагање.
Како што информираат од полицијата, во село Волково, во двор додека С.М.(53) лекар во Итна медицинска помош била на интервенција и извршувала работни задачи кај пациентот Д.Т., физички била нападната од страна на М.Т.(24).
Две патнички од македонскиот автобус, кој вчера имаше тешка сообраќајна несреќа кај Лесковац, се уште се во животозагрозувачка состојба. Тие се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш и приклучени се на апарати за дишење, додека останатите четири лица кои беа сериозно повредени патници и кои се лекуваат во Клиничкиот центар Ниш, се стабилизирани и не се животозагрозувачка состојба.
Обвинение за продажба на дрога денеска поднесе Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје против Венецуелец кој минатата недела беше уапсен на Аеродромот Скопје каде сакал да прошверцува околу два килограми кокаин.
Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка и одреди притвор за црногорски државјанин за сторено кривично дело – тешка телесна повреда, кој во ноември искршил маса во гостилница, а три дена по настанот кога со уште едно непознато лице дошол да му се извини на сопственикот го претепал до бессознание.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – Изнуда. На двете лица им е одредена мерка притвор. Осомничените, дејствувајќи во група заедно со уште едно лице кое е во бегство, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и со сериозна закана по живот на оштетеното лице, се обиделе да го присилат да им даде 10.000 евра.
Возач на патничко моторно возило и еден пешак се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 40 сообраќајки случени во текот на викендот во Скопје. Во 12 сообраќајки со полесни повреди се здобиле 18 лица, а во 26 била причинета материјална штета.
Според началникот на Хирургија во Лесковац Небојша Димитријевиќ, во моментов осум пациенти се згрижени во лесковачката болница, двајца со тешки повреди на главата и на ’рбетниот столб се во болницата во Ниш, а 12 лица, од кои две деца по укажаната помош се сместени во хотелот Апостоловиќ.