Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот на индивидуална куќа и ресторан во скопско Дебар Маало во ноември годинава.
Единицата за недозволена трговија на СВР Скопје вчера извршила претреси во домовите на неколку лица од градот со цел откривање и докажување на кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Скопското обвинителство донело решение за отфрланње на кривичната пријава против сопственик на менувачница во Кисела Вода, кој во нужна одбрана лиши од живот две лица во ноември минатата година.
Командир на полициска станица во Куманово ја злоупотребил службената положба и овластување, и против него е поднесена кривична пријава.
Еден возач на патничко моторно возило и еден пешак се здобиле со тешки телесни повреди, а девет лица со лесни телесни повреди во седум од вкупно 16 сообраќајни незгоди во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Во девет е причинета материјална штета.
По предлог на јавен обвинител на 20-годишното момче од Драчево, кој со нож ја уби својата баба попладнево му е определен 30-дневен притвор.
Во Кичево денеска во утринските часови во објект во „Жито Караораман“, лоциран во близина на населбата „Горица“, избувна пожар предизвикан од плинска боца.
66-годишната баба од Драчево, сепак не е заклана, туку и бил прегризан гркланот, ги откриваат морбидните детали за Нетпрес извори од истрагата.
Нема повредени во пожарот што синоќа околу полноќ избувнал во куќа на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар. Во пожарот изгореле покривите на два објекта и внатрешноста на катот од едниот. Брзата интервенција на пожарникарите, спречила трагедија и потешки последици, со оглед дека во едниот објект спиеле домаќините, а опожарените објекти се наоѓаат во густо населено населба.
Сопатник со тешки телесни повреди се здобил во една од вкупно шест сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во една сообраќајка со полесни повреди се здобило едно лице, а во останатите четири била причинета материјална штета.