Попладнево на раскрсницата помеѓу улиците „Марко Крале“ и „Зуфер Мусиќ“, во скопската населба Бутел се запали автомобил.
Полицијата во домовите на двајца скопјани пронајде и одзеде 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети екстази како и четири дигитални ваги, пиштол „Ekol“ со рамка, револвер, околу 20 куршуми различен калибар, повеќе сим картички, панцири, фантомки и лисици, еден пушко – митролез и марихуана..
Триесетишестгодишен жител на Кочани вчера бил тешко повреден извршувајќи работни задачи во печатница во Кочани.
Од сообраќај биле исклучени вкупно 10 возачи, од кои осум пред да се стекнат со право на управување и двајца почетници, како и 10 нерегистрирани возила.
Пет лица се лишени од слобода и одземено е поголемо количество муниција и друга опрема во активностите за расчистување на случајот со вооружената престрелка изминатиот петок на булеварот Маршал Тито во Тетово, информираа од СВР Тетово.
Татко го нашол четримесечното бебе со повреда на главата во семејниот дом во едно гостиварското село. Случајот во полиција е пријавен од гостиварската болница.
Гостиварската полиција расветли над педесет тешки кражби и поднесе кривична пријава против две лица кои се осомничени дека се сторители. Крадците украдените предмети ги продавале на црни пазари во Албанија и Македонија.
Пешак се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно осум сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет сообраќајки полесно биле повредени шест лица, а во две била причинета материјална штета.
Фејсал Меџити, таткото на тинејџерката која се удави во водите Вардар во Гостивар бегајќи од куче, најави тужба против актерката Ирена Ристиќ која изминатиов викенд на својот Фејсбук профил објавила дека тинејџерката била убиено од својот татко.
Гостиварец починал од повреди на главата кога од камион со кој се разминувал паднале метални шипки врз неговото возило.