Обвинителен предлог за сторено кривично дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајка како и тешко дело против безбедноста на луѓето, денеска поднесе Основното јавно обвинителство Велес. Осомничениот прегазил лице кое било во алкохолизирана состојба легнато на коловозот на регионалниот пат Велес-Градско, кое потоа починало од повредата.
Еден пешак и еден патник во автобус се здобиле со тешки телесни повреди, а осум лица се здобиле со полесни повреди во 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови за човечка употреба, додатоци на исхраната, козметички средства, средства за лична хигиена, делови од систем за наводнување, цигари и фалсификати.
На зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, синоќа околу 19 часот, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 50 килограми.
ОЈО Прилеп поведе истрага за 44-годишен прилепчанец за неовластено производство дрога за продажба, а судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп му определи мерка притвор во траење до 30 дена.
Еден пешак, еден возач на мотоцикл и еден возач на патничко моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 се здобиле со полесни повреди во 31 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 17 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од 130 контролирани возачи од страна на полицијата, синоќа во Скопје 16 управувале возило под дејство на алкохол. При акциската контрола, 60 возачи ја прекорачиле дозволената брзина и биле издадени се 56 мандатни и четири прекршочни платни налози.
Во мај 2016 година, пријавениот од граѓанин на рака примил 12.808 денари за регистрација на увезено патничко возило „Фолксваген Голф“. Од вкупната сума, тој требало да уплати 7272 денари за осигурителна полиса и 5536 денари за зелена карта.
Синоќа, во 19,00 часот во Полициската станица Аеродром Ф.Ф.(31) од село Никиштани пријавил дека истиот ден околу 15,00 часот, додека се движел од улицата “Вангел Тодоровски“ кон улицата “Васко Карангелески“ бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Од страна на Државиот пазарен инспекторат во еден авто сервис откриени биле две возила со македонски регистерски ознаки кои не биле заведени во книга за евиденција во трговија за што бил изготвен записник и потврда за привремено одземени предмети за сторен прекршок по член 28 став 1 а казнив по член 57 став 1 точка 1 од закон за трговија.