Денес претпладне товарно возило удри пешак кој поминувал улица во центарот на Делчево. Според информациите на Марија Глигорова, директор на Здравствениот дом во Делчево, на пешакот неколку минути по повредата му е укажана помош од страна на Итната медицинска помош.
Велосипедист почина, откако бил удрен од автомобил на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.
Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупо седум сообраќајки, што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет биле полесно повредени осум лица, а во една сообраќајка била причинета материјална штета.
Потврдуваме дека неколкумина вработени во Пивара Скопје се имаат пожалено на стомачни тегоби. Состојбата на сите овие вработени ја следиме контиуирано и се надеваме дека тие наскоро ќе бидат добро.
Од страна на инспекциските служби, земени ќе бидат мостри од храната која се подготвувала/послужувала како оброк за вработените, како и брисеви од работните површини и од вработените во мензата.
Петтмина се затруле откако јаделе во мензата во скопска Пивара и завршиле на Клиниката за инфективни болести, од кои двајца се хоспитализирани, додека тројца се третираат амбулантски, дознава „Фокус“.
Тројца малолетници и 44-годишен скопјанец вчера физички се нападнати од две машки лица во автобус број 33 на ЈСП.
Надзорник од Казнено-поправната установа Идризово вчера бил нападнат од осуденик додека вршел служба во амбулантното одделение.
Петнаесетгодишен малолетник вчера бил физички нападнат од друг малолетник на булеварот „Трета македонска бригада“.
Едно лице загина, а четворица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутрината околу шест часот на излезот од Струга, во правец на село Мислешево.