Триесет и четиригодишниот кавадарчанец Б.О. украл “ југо” и предмети од пет други возила, ноќта помеѓу 7 и 8 октомври, утрината бил пронајден и лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Шест лица се полесно повредени во девет сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле во Скопје. Од нив, во три имало повредени лица, а во три била причинета материјална штета.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, донесе наредба за спроведување на истрага против лице од Скопје, вработено во МЕПСО. На осомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело – Примање поткуп по член 357 ст. 4 во врска со ст.2 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обинителство на Република Македонија.
Постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Штип донесе Наредба за спроведување истрага против едно лице осомничено за кривично дело – Примање поткуп по член 357 ст. 1 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка му одреди притор во трање од 30 дена.
Едно лице загина денеска во Куманово, соопшти СВР Куманово.
Повозрасен маж е потешко повреден откако паднал од скала во обид за промени светилка на улична бандера во село Чегране.
Дваесет и двегодишно момче е тешко повредено откако три лица го пресретнале на улицата „Брсјачка Буна“ во Скопје, а едно од нив со метална шипка го удирало по задната страна на главата.
Шеесет и осумгодишен скопјанец вчера се обидел да изврши полов напад врз осумгодишно девојче, но бил спречен од страна на случаен минувач.
Ловџија завршил со рани во десното стапало откако пушката што ја носел испукала неконтролирано. Според СВР Тетово, вчера во атарот на село Сретково, додека бил во ловна заседа, Д.Н. (39) се саморанил во десното стапало со ловечка пушка. Начинот и околностите засега не се утврдени.
Секторот за внатрешни работи од Штип поднел кривична пријава за судски вештак од Скопје поради примање поткуп од сопственик на винарска визба од Штип за да стави потпис на економско-финансиски вештачења по предмет кој се водел во штипскиот Основен суд против правното лице. На пријавениот му е одредена мерка куќен притвор.