Кривична пријава е поднесена против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил една кражба и една тешка кражба и притоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 45 илјади денари.
Кривична пријава против надзорник во Казнено поправен дом во Штип за „примање поткуп“ поднесе Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип.
Жена од Тетово е пријавена во полиција од неколку лица, кои тврдат дека им се претставувала како вработена во Владата и им ветувала дека ќе ги вработи, при што парично ги оштетила.
Седум авганистански државјани на возраст од 18 до 38 години се пронајдени од полицијата при преглед на патничко моторно возило управувано од гевгеличанец утринава во селото Прдејци.
Кривична пријава за вршење кривични дела против културното наследство и природните реткости е поднесена вчера против вкупно 14 лица, од коишто 13 се приведени, а по преостанатиот се трага.
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што околу 18:40 часот се случила на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, кај местото Баткова чешма.
Поради сообраќајна несреќа од 18.45 часот, во прекин е сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, кај местото Баткова чешма, соопшти АМСМ.
Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека е издадена наредба за истражна постапка против девет лица осомничени за кривично дело „организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти“. За седуммина од осомничените е определена мерка притвор, а за двајца - мерки за претпазливост.
Четири непознати лица извршиле вчера разбојништво врз 17 годишно момче во Скопје.
Полов напад врз дете од страна на лице на возраст меѓи 60 и 65 години е пријавен вчера во полициската станица Ѓорче Петров.