Денеска околу 16:10 часот избувнала експлозија во наменската фабрика за производство на муниција „Сувенир“ од Самоков, дознава МИА.
Министерството за внатрешни работи (МВР) го расчисти убиството на Б.П. (47) во охридското село Велгошти, а на осомничениот И.К. (62) од Охрид му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Вкупно 14 мигранти од кои 11 Авганистанци и тројца од Пакистан се пронајдени вчера попладне после клучката Миравци на автопатот Гевгелија - Скопје.
Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска во 03:30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во населбата Баир, лоцирана над магистралниот пат Прилеп-Ресен (обиколница Битола), избувнал пожар во куќата сопственост на С.Р.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 62 години, жител на Охрид, кое е осомничено за сторено кривично дело убиство извршено на свиреп начин во село Велгошти.
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа при судир на две товарни возила што денеска околу 13:25 часот се случи кај превојот Плетвар, во близина на Каменоломот. Повредените се пренесени на лекување во прилепската градска болница „Борка Талески“.
МВР соопшти дека В.М. најпрво била донесена во Клиничката болница-Тетово но, поради сериозноста на повредите е префрлена на скопските клиники каде е задржана на лекување.
По преземени мерки, синоќа во 21 часот во Струга приведено и лишено од слобода е едно лице од Охрид по што, во консултација со Јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот.
Т.Б. (28) од Скопје вчера пријавил дека контролор на ЈСП го удрил со тупаница додека се возел во автобус со број 15.
На седумнаесетгодиша девојка од Скопје и е констатирана бременост откако пред околу четири до пет месеци врз неа непознато лице извршило обљуба.