Турски државјанин со привремен престој во с.Велебрдо-Ростуше, синоќа во Скопје се обидел да спречи пајак-возило да го отстрани неговото неправилно паркирано возило, а при обидот за бегство со возилото удрил во полициски службеник, кој потоа успеал да го фати и лиши од слобода.
Непознат маскиран сторител синоќа околу 20:30 часот се обидел да изврши разбојништво над М.Л.(89) во неговата куќа на ул.„Никола Карев“ во Св.Николе.
Три непознати лица ограбиле таксист во скопското село Морани, соопшти денеска МВР.
Непознат сторител синоќа околу 23.50 часот на ул.„Ваташа“ во Битола, истурил запалива течност врз предниот дел на патничко возило „Тојота Аурис“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.П. (74), по што ја запалил.
Седумдесет и едногодишна прилепчанка С.П. вчера им подлегна на повредите здобиени од удрар од товарно возило „Киа Бета“ управувано од С.Т. од Прилеп, со прилепски регистарски ознаки.
Дваесет и девет годишен државјанин на Република Албанија, рано утрово е лишен од слобода под сомнеж дека се обидел да силува гостиварка.
Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против О.Р. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила во 13.50 часот на патот Струмица-Берово, на излез од селото Дабиле, потврдија од МВР за МИА.
Ќе се изврши обдукција и вештачење за да се утврдат причините за смртта на двајцата параглајдеристи кои вчера починаа по трагедијата која се случи околу 12.40 часот на Мечкин Камен во Крушево кај полетувалиштето за параглајдеристи, информираат од Основно јавно обвинителство-Прилеп кое го истражува случајот.
Кривична пријава ќе биде поднесена против двајца 17-годишници од Скопје осомничени дека на 15 август околу 02:40 часот запалиле палма пред клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.