Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против две лица кои неовластено произведувале наркотична дрога - марихуана во викенд куќа лоцирана во местото Света Петка, село Моране.
Резултатите се испратени до обвинителството кое треба да постапува по овој случај. Како понатаму ќе се одвива истрагата останува да кажат од обвинителството со оглед дека и според луѓе вклучени во истрагата во неговиот автомобил биле пронајдени траги на наркотици.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против тројца вработени во Агенцијата за катастар на недвижности и против овластен геодет поради „несовесно работење“ и „фалсификување службена исправа“.
Обдукцискиот наод за смртта на пејачот Влатко Илиевски е изготвен и пратен до обвинителството.
Како што е наведено во полицискиот билтен, завчера во 22:00 часот на автопатот Гевгелија-Скопје од страна на припадници на мобилната царинска единица било забележано товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистерски табли и во координација со полициски службеници од Граничниот премин Богородица, се упатиле по него.
При контрола во угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово - Скопје, во село Желино ноќеска полицијата привела 12 странски државјанки.
Шестгодишно дете е потешко повредено на регионалниот пат Хиподром-Јурумлери откако автомобил удрил во него. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено и задржано во комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Педесет и седумгодишен скопјанец загинал вчера кога со камион излетал од коловозот, удрил во заштитната метална ограда и се превртел на автопатот Гевгелија-Скопје.
Пешак и сопатник на мопед се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 16 сообраќајки што се случија во текот на вчерашниот ден. Во осум сообраќајки биле полесно повредени 13 лица, а во шест била причинета материјална штета.
МВР поднесе кривична пријава против А.Љ. (32) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело измама на 17 лица при купопродажба на половни моторни возила. Одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.