Во вооружениот инцидент што се случи вчера во тетовското село Мала Речица убиен е Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово, а досега се приведени четири лица кои учествувале во престрелката.
Според неофицијални информации на весникот Наип Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва во Мала Речица е убиено, додека рането е уште едно лице од Куманово.
Инцидентот, како што јави дописникот на МИА од Тетово, се случил во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица, каде полицијата веќе го блокирала пристапот и работи на расветлување на случајот.
Вработената Д.М. успеала да излезе од просторијата, а лицето останало и вратата сама се заклучила. Т.Б. е приведен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со италијански национални ознаки управувано од Р.А. (35) од Скопје завчера во Студеничани удрило во седумгодишно дете, соопшти МВР.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.В.(28) од Република Чешка за сторено кривично дело „компјутерска измама”.
Ч.П. (58) жител на Градско испил апчиња со алкохол и во тешка здраствена состојба во кома бил однесен во Клиниката за токсикологија во Скопје.
Секторот за внатрешни работи Битола, до Основното Јавно обвинителство во Битола, поднесе кривична пријава против биотолчанецот Б.Е. (55) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги.
Во изминатите 24 часа во Скопје се случиле девет сообраќајки, а шест лица се здобиле со лесни телесни повреди. Регистрирани се пет сообраќајки со материјална штета.
Од страна на Јавно претпријатие „Градски паркинг- Скопје“, вчера е пријавено дека во неутврден временски период до 30.03.2018 година во катна гаража „Тодор Александров“ од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба на 30 рачки за тешка пена и триесет главни приклучоци за хидрантско црево.