На автопатот Неготино - Велес на околу 500 метри пред наплатна станица „Градско“ вчера околу 15 часот патнички автомобил марка „БМВ Х4“ со скопски регистарски броеви управувано од Г.Г. (74) изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, информираат од СВР Велес.
Пешак и возач на патничко моторно возило загинале во две од вкупно 32 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 20 сообраќајки полесно биле повредени 23 лица, а во 10 била причинета материјална штета.
Еден од 47 посвоени синови на покојната дива на ромската музика Есма Реџепова, Симеон Атанасов, е приведен поради сомнение дека го ограбил нејзиниот музеј на скопската тврдина Кале
Едно лице е повредено откако автомобил „БМВ“ излетал од патот Неготино-Велес, на петстотини метри пред патарината Градско, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Денеска во 02.40 часот во угостителски објект на булевар "Св. Климент Охритски" нарушен е јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.
Во СВР Битола е пријавено дека кај Градско шеталиште на место викано “Тумбе кафе“, има повредено лице. Извршен е увид на местото на настанот при што е констатирано дека се работи за лицето З.Л.(67) од Битола.
Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Скопје во насока на доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.
Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против М.И. (24) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“, предвидено и казниво согласно чл. 237 од КЗ на РМ.
Искршена и ограбена црквата Св. Јован Крстител во населбата Бутел чиј инвеститор е бизнисменот и сопственик на бензинските пумпи Макоил, Мите Јовановски, пренесува 24 ТВ.
Сопственикот на објектот, П.П.(56) од Скопје се обидел да ги раздвои, при што едно од лицата со нож го прободело во пределот на зглобот од десната рака.