Дваесет и двегодишната Џ.Ј. од тетовското село Селце со привремен престој во Тетово, вчера во полиција пријавила дека истиот ден околу 8.30 часот физички била нападната од нејзинотo поранешно момче Ф.Н. (28) од Тетово.
Полицијата вчера привела уште шест лица поврзани со оружениот инцидент во Мала Речица. Дел од нив се приведени, а некои сами и се предале на полицијата.
Министерството за внатрешни работи информира дека на местото на вооружениот инцидент што вчера се случи во Мала Речица, при што е убиено едно лице, биле пронајдени осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.
Непознато лице вчера пукало кон возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.П, кое се движело по булеварот „Октомвриска револуција“ во Скопје.
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13.45 часот нa крстосницата од бул. „Јане Сандански“ и ул. „Васко Карангелевски“ во населбата Аеродром.
Четири непознати лица изутрината во 4.30 часот во сендвичарница на улицата „Никола Карев“ во Скопје физички ги нападнале Ј.Б. (33) и неговиот другар А.Н.
Машко и женско лице половина час пред полноќ недолично се однесувале во ресторан во центарот на Скопје, информира МВР.
Во вооружениот инцидент што се случи вчера во тетовското село Мала Речица убиен е Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово, а досега се приведени четири лица кои учествувале во престрелката.
Според неофицијални информации на весникот Наип Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва во Мала Речица е убиено, додека рането е уште едно лице од Куманово.
Инцидентот, како што јави дописникот на МИА од Тетово, се случил во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица, каде полицијата веќе го блокирала пристапот и работи на расветлување на случајот.