Поранешниот директор на охридското Јавно претпријатие „Градски пазар“ Т.К. заработи кривична пријава за проневера во службата.
Намален број жртви во сообраќајки и мерки за зголемена безбедност на патната инфраструктура ќе треба да придонесат за состојба во која, и во случај на грешка на возачот, ќе нема смртни последици.
Осумдесет и петгодишниот скопјанец Ж.Т. синоќа отишол на преглед во Ургентниот центар со тешки телесни повреди.
Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(47) од Куманово за сторено продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Скриени во приколката од камионот што го возел, 34-годишен македонски државјанин се обидел нелегално од Турција во Грција да внесе четворица мигранти од Бангладеш, но при контрола на граничниот премин, грчката полиција ги открила мигрантите.
Возач на мопед бил потешко повреден во една од вкупно осум сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки полесно биле повредени четири лица, а во три била причинета материјална штета.
Седмир Усаиновски, 10-годишен ученик од селото Кишава, раскажува за наставникот по историја кој, како што тврди тој, сакал физички да му наштети.
Во моментов МВР води истрага што се случило и како дошло до избувнување на пожарот во Министерство за правда во кој целосно беа опожарени канцеларии на четвртиот кат.
Четириесет и шест годишен жител на селото Врапчиште е лишен од слобода под сомнение дека извршил семејно насилство врз неговите мајка и сестра.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Агенцијата за вработување В.П. (39) од Скопје поради злоупотреба на службената положба и овластување.