Поранешниот градоначалник на Општина Василево Ванчо Стојанов заработи кривична пријава за вработување на лице без соодветно образование.
Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) го обелодени случајот со 13-годишното девојче, кое минатата недела било подложено на абортус, а забременило по сексуално злоставување како штитеничка на Домот за деца „25 Мај“.
Едно лице загина, едно се здобило со тешки телесни повреди, а осум се полесно повредени во десет сообракајќни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.
Струмичанец заработи кривична пријава за затајување на данок за пари заработени преку продажба на услуги на „Фејсбук“, каде заработил преку 20 илјади евра.
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајка која се случила попладнево, во 17:20 часот, на обиколницата околу Скопје, пред клучката Радишани.
Три лица се прегазени во две одделни сообраќајни несреќи кои во период од пет минути се случиле на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.
Во првиот случај 21-годишната Н.Р. од Скопје во полициската станица Центар пријавила дека завчера околу 16,20 часот во Градскиот трговски центар била нападната од куче скитник кое ја каснало на десната рака.
Двајца вработени во Министерството за надворешни работи се степале во канцеларија. Од полицијата не откриваат детали за инцидентот и зошто дошло до тепачката.
На подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие се регистрирани четири сообраќајни несреќи во кои со лесни телесни повреди се здобиле четири лица.
Вработена во Центарот за социјални работи во Скопје на 16-ти месецов пријавила дека од декември минатата година лицето Д.К. (58) и упатувало закани по животот.