Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.В. (29) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што попладнево се случи во близина на хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Пешак, двајца возачи и сопатник се тешко повредени во три сообраќајки, а во други шест незгоди полесно се повредени девет лица, во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки е регистрирана само материјална штета.
Две и пол годишно машко дете од Скопје кое на 7 јануари било примено во тешка здравствена состојба на Клиниката за детски болести викендов починало, потврдија за МИА од таа јавна здравствена установа.
МВР во петокот соопшти дека на 13 ноември минатата година околу од ЈЗУ Општа Болница – Детско одделение Велес ја информирале велешката полиција дека кај нив била донесена малолетничката во безсознание.
Околу 10 часот на скопскиот аеродром, вчера на влез допатувал А.М. (25) од Р. Tурција со турска патна исправа. По извршена пасошка контрола и проверка констатирано било дека горенаведеното лице евидира со мерка одземање патна исправа, по барање на Интерпол, информира МВР.
Пешак е тешко повреден, а 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 од вкупно 24 сообраќајни несреќи регистрирани изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Четиринаесет сообраќајки се со евидентирани материјална штета.
Тројца членови на битолско семејство, Т.Т., Р.Т. и С.Т. синоќа биле лишени од слобода по физичка пресметка, додека 33- годишната М.Т. и тројца полицајци се пренесени во Клиничка болница Битола.
Пет лица од кои едно потешко се повредени кога возило „рено“ со тетовски регистарски таблички ноќеска излетало од автопатот Скопје-Тетово.
Како што информираат од МВР, пресметката се случила во 14:50 часот најверојатно поради нерасчистени имотно-првни односи помеѓу браќата Ј.И. и Ј.И. и нивниот зет за сестра Е.Д. од една страна и Браќата Џ.Д. и А.Д. од друга страна.